ФОТО: Нови бесплатни паркинг места во строгиот центар на градот

 

Секој си влегува од каде што сака и го остава возилото буквално каде што му е ќеф. Ова е реалната ситуација на кејот и на плоштадот каде веќе од поодамна ги нема столчињата со кои се ограничуваше сообраќајот во овие зони. 

Бесовесни скопјани веќе си ги паркираат своите возила пред „Сити галери“, кај „Тренд“, како и по целата должина на кејот 13 Ноември пред кафулињата. 
Немањето на физички бариери кои би можело да ги спречат во ваквите постапки, им овозможија на скопјани на вакви постапки. 

Од возењето по овој терен се оштети и инфраструктурата, како што е примерот со местото под Триумфалната порта, од каде штос е влегува кон еден дел од плоштадот. Целиот плочник е искршен на стотици парчиња. Kафеанџиите од овој реон сведочат дека грдата слика може да се види секоја вечер. Возилата се таму со часови, а никој не ги чепка.

Ист е случајот и со кејот 13 Ноември, каде што сега се движат автомобили, а претходно и тешки камиони, кои носеа градежни материјали за изградба на деловна зграда. Уништена е и урбаната опрема, како бетонските клупи и канти. Зградата веќе две години е пуштена во употреба, а плочникот никој не го санира, ниту ја обнови опремата.

Исто како и плоштадот и кејот, во хаос се „дави“долниот дел од кејот под мостот „Гоце Делчев“, но и пешачките и велосипедските патеки од мајор-коритото од двете страни. Неретко се гледа дека колоната на паркирани автомобили покрај реката е долга цел километар.

Од Градот Скопје велат дека овие зони повторно ќе станат шеталишта, но откога ќе завршат сите градежни работи во реонот. Во овој дел се одвива изградбата на прскалките на плоштадот, како и неговата целосна реконструкција со нови плочки.

- Градежните работи во централното градско подрачје се единствената причина зошто со посебни привремени сообраќајни режими се одвива сообраќај од изведувачите на проектите. С` што е надвор од тие режими претставува прекршок и затоа прекршителите треба да бидат казнувани од сообраќајната полиција. По завршувањето на градежните работи плоштадот, улица Македонија  и Kејот ќе бидат единствена пешачка зона - изјавија од одделението за односи со јавноста.

Од „Градски паркинг“ појаснија дека интервенираат постојано на наведените потези, собираат возила по повик на сообраќајната полиција, но сметаат дека е невозможно да дежураат 24 часа.

 

 

Оцени ја веста

09.12.2014 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега