Пукање во Гостивар

Во пет часот по полноќ на регионалниот пат Гостивар – Чегране, од страна на непознато лице, кое било во возилото во движење, испукани биле неколку куршуми од пиштолска муниција во правец на бензинската пумпа „Вардар Петрол“ сопственост на 53-годишниот Ш.И.  од Форино, при што оштетени биле изложното стакло од продажната просторија, стаклата на фрижидер, рам од алуминиумски  излог од пицеријата „Вардар“ и фрижидер за ладење на сокови сместен внатре во пицеријата.

Причинета е материјална штета од околу 60.000 денари.

За време на настанот во бензинската пумпа и околните објекти немало лица, а бензинската пумпа не работела. 

 

 

Оцени ја веста

07.12.2014 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега