Пијани момчиња влегле и направиле хаос во полициска станица во Битола

Синоќа во 2 часот и 30 минути по полноќ во кафе-барот "Расчекор" во Битола, 34-годишниот Ѓ.Т. кој бил во друштво со уште три лица и бил под дејство на алкохол, без повод и причина почнал насилнички да се однесува, нарушувајќи го  јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување. Во непосредна близина до него седел полициски службеник, кој се легитимирал, повикувајќи го истиот да се повлече и да престане со таквото однесување. Во тој момент, Ѓ.Т. се доближил до полицискиот службеник и му упатил сериозни закани по животот и телото, а  потоа со тупаница му задал еден удар во пределот на главата, нанесувајќи му телесни повреди. Со ова предизвикал чувство на загрозеност кај присутните, страв и несигурност, при што истите во паника и трчање го напуштиле објектот. Од страна на полицискиот службеник, Ѓ.Т. бил  лишен од слобода и задржан во полициска станица во Битола каде извршено му било алкотестирање, при што е утврдено присуство на 2.83 промили алкохол во крвта.

Околу 3 часот во полициската станица дошле 33-годишниот М.Ј. и 27-годишниот Ј.К. од Битола, кои побарале да го земат Ѓ.Т., по што почнале да ги навредуваат присутните полициски службеници, а откако било побарано од истите да се легитимираат, одбиле и во еден момент се обиделе да им нанесат удари со раце. Лицата се лишени од слобода и извршено е алкотестирање при што кај М.Ј. е утврдено 2,66 промили, а кај Ј.К. е утврдено 1.63 промили алкохол во крвта. 

Одреден им е притвор во траење од осум дена.

 

 

Оцени ја веста

07.12.2014 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега