Навивачите на Вардар нападнати во Тетово - еден полицаец повреден

Еден полицаец бил повреден во главата при вчерашната полициска интервенција за спречување на тепачка помеѓу навивачките групи на фудбалските клубови „Вардар„ и „Шкендија“ кај градскиот стадион во Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

До инцидентот дошло откако меѓу 30 и 40 навивачи на „Вардар“ околу 13 часот и 30 минути ненајавено пристигнале и сакале да влезат на стадионот каде се играл куп натпреварот помеѓу „Ренова“ од Џепчиште  и „Вардар“ од Скопје.

- Организаторот не и дозволил на групата да влезе на стадионот, а во меѓувреме во нивна близина се собрале повеќе навивачи на Шкендија. Помеѓу двете групи започнале препукувања и меѓусебни фрлања со камења и шишиња, но со интервенција на полицијата бил спречен физички контакт меѓу двете групи. При тоа еден полицаец бил удрен по главата и веднаш бил префлен во тетовската клиничка болница од каде по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување. Полицијата привела тројца навивачи на Вардар кои по извршените разговори биле пуштени и по расчистувањето на случајот ќе се соочат со соодветни поднесоци, појасни Јосифовски.

Се преземаат мерки за откривање на лицето кое го повредило полицаецот. 

 

 

Оцени ја веста

07.12.2014 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега