Тешка судбина за тетовчанец - му го здиплиле цело злато

Златен накит во вредност од околу 15 илјади евра пријавил дека му биле одземени од неговата куќа во тетовско Боговиње сопственикот И.З.(25) по тешката кражба што била извршена вчера во периодот од 19 часот и 30 минути и 21 часот, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според пријавата засега непознати сторители го искористиле моментот кога немало никого дома по што со погоден клуч-калауз ја отвориле влезната врата од куќата. Откако влегле внатре, појасни Јосифовски, целосно ја пребарале внатрешноста и од фиока во спалната на катот одзеле поголема количина златен накит чија вредност  сопственикот ја проценува на околу 15 илјади евра.

- Незабележани од никого крадците со пленот избегале. Полицијата извршила увид и работи на откривање и приведување на сторителите, рече Јосифовски. 

 

 

Оцени ја веста

07.12.2014 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега