Младо момче се бори за живот на скопските Клиники

Дваесет и четири годишниот Д.К. од Куманово се бори за животот на скопските Клиники, по тешките повреди со кои се здоби во сообраќајната несреќа која синоќа се случи на булеварот „Борис Трајковски“ во близина на Стаклара.

До несреќата дошло при судир на „БМВ“ со кумановски регистерски таблички кое го управувал младиот возач и автомобил „Пасат“ со скопски таблички.

Полесно повредени се возачот на „Пасатот“ М.К.(42) и неговата сопруга Љ.К. на кои лекарска помош им била укажана во Градската општа болница.

 

 

 

Оцени ја веста

07.12.2014 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега