Возило на покрив моторот излезен од шасијата - страшна сообраќајка во скопско Драчево

ФОТО: Архива

Страотна сообраќајна несреќа се случи вечерва околу 22 часот и 30 минути на булеварот Борис Трајковски во правец кон Драчево во близина на фабриката „Охис".

Најмалку две возила од сударот се тешко оштетени и сигурно има повредени.

Вечерва на местото на несреќата имаше 2 амбулантни возила и противпожарно возило и екипа на МВР.  Засега нема детали за несреќата ниту за евентуалните жртви.  

Од ударот едно од возилата беше целосно уништено, превртено на покривот, а моторот беше излезен од шасијата.  Противпожарни екипи веројатно го гаселе пожарот во кој беше ззафатен моторот. Друго возило беше забиено во ограда од стопански објект наспроти Охис. 

 

 

Оцени ја веста

06.12.2014 - 23:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега