Татко од Гостивар пукал во малолетната ќерка

Синоќа во 21 часот и 15 минути во полициската станица во Гостивар, од страна на Медицинскиот Центар Гостивар било пријавено дека за укажување медицинска помош се пријавило шеснаесетгодишно женско лице од Гостивар кое се здобило со престрелна рана од огнено оружје во пределот на рамото. Тинејџерката била веднаш префрлена во Клиничкиот Центар во СКопје.

По преземените мерки  се открило дека со повредита девојката се здобила во семејниот дом, а истата и била нанесена од нејзиниот татко, 38-годишниот М.Ф.

По целосно расчистување на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

 

 

Оцени ја веста

06.12.2014 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега