Драма во Тетово: Дванаесетгодишник влегол во училница со пиштол и направил хаос

Дванаесетгодишен ученик донел наполнет пиштол „Црвена застава“ калибар 9 милиметри и го вперил во стомакот на соученик по вербална расправија што се случила пред училница во основното училиште  „Истикбал“ во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Случајот бил пријавен од негов врсник кој заедно со татко му вчера пријавиле дека по завршувањето на петтиот час  околу 11 часот, на малиот одмор, пред училницата во која учел му се доближил ученик на иста возраст и по кусата вербална расправија извадил пиштол од појасот  и му го вперил во стомакот.

- Исплашен седмооделенецот викнал по класната раководителка, а другиот  го скрил пиштолот. Нешто подоцна, по пријавувањето на случајот, пиштол  „Црвена застава“ калибар 9 милиметри и 10 куршуми пронајдени се покрај корпата за отпадоци во училницата, а празната рамка пронајдена е во тоалетот на училиштето. Пиштолот бил на дедото на ученикот што го донел во училиштето и за него сопственикот поседувал соодветна дозвола. Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки и активности за целосно расветлување на сите поединости поврзани со случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци, изјави Јосифовски. 

 

 

Оцени ја веста

06.12.2014 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега