Фатени крадците кои ограбуваат и кршеа автомобили во Центар
Полицијата ги фати малолетниците кои кршеа и ограбуваа автомобили на подрачјето на Центар, дознава Курир.
Се работи на две лица од Скопје, 15-годишниот Р.М. штитеник на домот „25-ти Мај“ и една година постариот Р.Е.. Како што дознаваме против нив се поднесени кривични пријави за 22 кражби, а одреден им е и 30 дневен притвор.
Малолетниците „оперирале“ во вечерните часови на улиците „50-та Дивизија“, ул.,,Отон Жупанчиќ“, ,,Јордан Мијалков“, ,,Коле Неделковски“ и ,,8-ма Ударна Бригада“.
Откако ќе биле сигурни дека никој не ги гледа насилно влегувале во зградите, а потоа и во гаражите каде ги кршеле стаклата на автомобилите, а Р.М. со протнување влегувал во нив и вршел пребарување, по што одземал предмети или се откажувал.
Од она што е познато малолетниците украле пари, ЦД-иња, рачни ножеви, навигациски уред и други ситни предмети.
По пријавата на случајот, полицијата извршила разговор со лицата кои го признале делото, а кај Р.М. биле пронајдени и дел од украдените предмети.
Полицијата дополнително ќе достави материјални докази до Обвинителството за расчистување на уште 19 тешки кражби од автомобили за кои осомничени се истите лица.
Имено, малолетниот Р.М. и минатата година бил два пати кривично пријавуван за тешки кражби.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа