НОВИ ДЕТАЛИ: Убиениот велешанец имал повеќе убоди во градите

Дваесет и тригодишниот Адиљ Сулејмани од велешкото село Бузалково имал повеќе убодни раби во градите. Обдукцијата на телото на убиеното момче е веќе завршена и резултатите се испратени до Обвинителството во Велес. Полицијата ги истражува причините за убиството и трага по сторителите, пишува Утрински весник.

Момчето беше пронајдено мртво во четвртокот во близината на фабриката „Киро Ќучук“. Неговото тело го пронашол татко му, во камп-приколка од нивниот имот, каде што до пред некоја година продавале дрва за огрев. 

Пријателите и роднините на убиениот велат дека тој бил мирно и скромно момче.

-Избегнуваше конфликти, не важеше за проблематичен тип. Таков беше во селото, а каков бил кога доаѓал во Велес, со кого се дружел, не знаеме, велат пријателите на убиениот Сулејмани.

Според неговите блиски, тој за Велес заминал во вторникот попладне, но не се вратил вечерта, како што најавил, што било повод неговиот татко следниот ден да започне потрага по него.  

повеќе прочитајте на Утрински весник

 

 

Оцени ја веста

05.12.2014 - 16:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега