Вработените сами го изгаснале пожарот во Коменски

             

  Денес,  околу 11 часот, во подрумските простории на ООУ „Јан Амос Коменски“ во работилницата за училишен инвентар избил  пожар со мали  размери, кои обезбедувањето и вработените веднаш го изгаснале.

                Откако училишниот противпожарен аларм сигнализирал дека во една просторија има повеќе чад, обезбедувањето и тројца вработени се симнале во работилницата, каде со училишниот хидрант и со  со два-три противпожарни апарати го локализирале пожарот. Инаку , за секој случај  одговорните во училиштето повикале и амбулантно и противпожани возила

Сите деца, наставниот кадар и вработени се безбедни и нема повредени, а за износот на материјалната штета се очекува да се изјаснат  надлежните служби.

 

Заради  безбедност и подрумскиот чад  децата се  ослободени од наставата и пуштени дома.

 

 

Оцени ја веста

05.12.2014 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега