Фрчат казни за скопските "мангупи„ - што се случувало на улиците?

 

Полицијата демне, пајакот прави парче. Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје извршен е увид на вкупно шест сообраќајни незгоди од кои две се со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, четворица сопатници, двајца пешаци и еден возач на мопед.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 17 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, тројца возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и двајца возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие два дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 52 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во сабота со почеток во 19 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во рамките на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу Вардар и Брест Мешков, Белорусија. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

 

 

Оцени ја веста

05.12.2014 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега