Возеле брзо, возеле пијани - 16 сообраќајки во Скопје
Во текот на изминатите два дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 16 сообраќајни незгоди.
Во вторник се случиле вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и шест со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, еден сопатник, тројца пешаци, еден возач на автобус и 13 патници во автобус. Се случила и една железничка незгода со последица тешки телесни повреди во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.
Во текот на вчерашниот ден се случиле вкупно пет сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и една е со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобил еден сопатник.
Во текот на овие два дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 11 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, седум возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, седум возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, како и 15 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие два дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 50 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа