Скопје: Фрчат казни за несовесните возачи - што се случувало?
Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди од кои осум се со последица материјална штета и три со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, еден сопатник и двајца пешаци.
Се случила и една незгода во која со тешки телесни повреди се здобил еден возач на патничко моторно возило.
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се четворица возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, девет возачи кои го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола и 16 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.
Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција отстранети се 54 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Денеска продолжува официјалната посета на Република Македонија на заменик-претседателот на Социјалистичка Република Виетнам г-ѓа Нгујен Ти Зоан. За време на движењето на колоната возила под придружба низ сообраќајниците на Скопје ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај што подразбира апсолутен приоритет на минување низ сите сообраќајници. Од сообраќајната полиција апелираат до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ќе им бидат давани од страна на полициските службеници да бидат трпеливи, а веднаш по поминување на колоната возила под придружба од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за целосно нормализирање на сообраќајот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа