Се решава деценискиот проблем на граѓаните од Кисела Вода
Продолжува процесот на легализација во општина Кисела Вода, како општествено прашање со кое конечно се решаваат децениските проблеми на граѓаните во делот на впишување на правото на сопственост на нивните објекти.
Владата на Република Македонија со носењето на Законот за легализација на дивоградбите овозможи историска шанса за сите граѓани, да се стекнат со правна и легална сопственост на нивните домови.
Општината, од своја страна, направи максимални напори, преку воведување на повеќе технички мерки, овој процес да се одвива со добра динамика. Со денешното јавно доделување на 50 решенија за легализација, бројот на легализирани објекти во границите на општина Кисела Вода, се искачи на 3254.
-Сакам да истакнам дека жителите на општина Кисела Вода, разбираат дека покрај општината, тие ја носат главната улога, бидејќи општинските служби можат да работат само откако ќе им биде доставена целосната документација. Ова го велам бидејќи денешната ситуација вели дека бројот на граѓани кои не доставиле геодетски елаборате се помал. Заклучно со денешниот ден, нивниот број изнесува 3650. Се надеваме дека тие граѓани нема да чекаат до крајниот рок, кој согласно последните владини измени е пролонгиран до 31.12.2015- потенцираше градоначалникот на општината Билјана Беличанец-Алексиќ.
Уште еднаш, таа потсети дека бенефитот од успешното заокружување на процесот на легализација ќе биде заеднички.
-Граѓаните ќе станат сопственици на нивните имоти, а општината ќе може да донесе нови детални урбанистички планови, во кој ќе бидат впишани и новолегализираните објекти, што е и крајна цел на овој процес-заклучиградоначалникот Беличанец-Алексиќ.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа