Средношколец од Тетово фатен со дрога додека ограбувал продавница

Полицијата против 17 годишниот скопјанец Ј.А. поднесе кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Утринава во Тетово на улицата „Јане Сандански“ пријавениот при обид да изврши кражба во продавница за спортска опрема бил фатен од страна на сопственикот и истиот пријавил во полиција.

Од страна на полициски службеници е излезено на лице место, а при извршен преглед кај пријавениот биле пронајдени пакувања марихуана и пакување „ризла“.

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 13:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега