ВИДЕО: Погледнете како беше уапсен полицаецот во Битола

Денеска од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за корупција до ОБвинителството во Битола ќе биде поднесена кривична пријава против лицето Н.Ц.(51) од Битола, за сторено кривично дело - “примање поткуп“ Станува збор за вработен во МВР , како Самостоен инспектор во Отсек за економски криминалитет.

Пријавениот во својство на службено лице, со цел за себе да прибави противправна имотна корист, почнувајќи од 17-ти овој месец, во повеќе наврати барал, а вчера и примил парична награда-поткуп од оштетен граѓанин во износ од 36.000  денари.

 

Во рамките на своите службени овластувања, пријавениот постапувал по предмет Барање од Основното јавно обвинителство Битола и по истиот не превзел дејствија кои бил должен да ги преземе, односно истиот не изготвил соодветен службен материјал во којшто ќе бидат содржани вистинските факти и докази барани од ОЈО Битола. Пријавениот ветил дека за погорепосочениот паричен надомест ќе изготви службен материјал кој ќе нема правни последици за оштетениот со што го сторил кривичното дело  „Примање поткуп“.

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 13:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега