Полицијата влезе во Чегране

Во текот на вчерашниот ден полицијата изврши контрола во угостителски објект во Чегране. Според податоците од полицијата, во период од 23 часот до 1 часот по полноќ во угостителскиот објект „Експорт-импорт“ кој го поседува 32-годишниот Б.Н. се затекнати три странски државјанки, две од Косово и една од Албанија, на возраст од 30, 33 и 34 години, кои нелегално работеле како пејачки, како и две женски лица од Тетово и Скопје на возраст од 22 и 33 години.

Странските државјанки приведени и задржани се во Полициската станица Гостивар, а денес се предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, додека по утврдување на нивниот идентитет, девојките од нашата земја се пуштени. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 11:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега