ФОТО: Драган го барал 25- годишниот Филип да го убие

Пробиштипско Злетово утрово го разбуди трикратно убиство. Професионалниот војник во АРМ, Драган Манаилов (40), им пресуди на соселанецот Методиј Димитров (51), на родителите на неговата поранешна сопруга, Илија (65) и Јана (63) Михаилови, а на крајот се обеси. Неговиот крвав поход можеше да биде и потрагичен. Во последен момент братот на поранешната сопруга ја спаси од смрт својата сестра, а веројатно и сопствениот живот, пишува Утрински весник.

Злосторствата во рударско село, кое брои 3.000 жители, започнале околу 6 часот изутрината. Манаилов, кој ноќта кон вторникот ја минал на стража во кумановската касарна, ги прекинал работните обврски и дошол да расчистува сметки во родното село.

„Побегнал од стража и искористил шанса да го земе со себе службеното оружје: полуавтоматска пушка. Седнал во својот автомобил ’опел астра’ и дошол овде“, зборуваат селаните.

Незапаметеното злосторство ги возбуди духовите во Злетово. Сите се надвор на улица, редовните обврски запреа, единствено се зборува за убиството.

Според полицијата, се' започнало во 6,40 часот изутрината, кога локален жител пријавил во полициската станица во Пробиштип дека слушнал неколку истрели во куќа на 51-годишно лице од Злетово. Кратко потоа пристигнала и втора пријава од жена од Злетово, која рекла дека слушнала пукотници во куќата на нејзините родители. Манаилов се упатил кон куќата на Димитрови во горниот дел од селото. Испукал неколку куршуми во воздух.

„Го бараше Филип, момче на 25-26 години, мирно дете“, тврдат соседите.

Повеќе прочитајте на Утрински весник.

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 17:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега