Гостиварско: Избегале со сеф полн со 50 илјади евра

Непознати сторители, од салонот на „Ѓун-интериер" во гостиварското село Врапчиште однеле метален сеф во кој имало поголема колична на пари.

Според првичните сознанија на СВР Тетово, сé уште непознати сторители, во периодот од 19 часот вчера до 7 часот и 40 минути денеска, го скршиле стаклото од излогот на салонот, влегле внатре, а потоа насилно, ја отвориле дрвената врата од канцеларијата во салонот. Таму се наоѓал метален сеф тежок помеѓу 150 и 200 килограми. Според пријавителот во него имало: 42 илјади евра, 6 илјади швајцарски франци, 3 илјади американски долари и 257 илјади денари во различни апоени и документи од фирмата.

Крадците со одземеното, незабележани од никого заминале низ влезната врата.

По овластување на јавен обвинител извршен е комплетен увид, пронајдени, фотодокументирани и подигнати за вештачење се повеќе траги. Се превземаат активности за откривање на сторителите и разветлување на сите поединости поврзани со кражбата. 

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 14:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега