Тепачка во скопска фирма - едно лице прободено со нож

Триесет и осумгодишниот Е.М., вработен во фирмата „Свем Инжинеринг“, е повреден откако се обидел да раздели две лица кои се тепале.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека повредениот, кој работел како техничар во фирмата, бил известен од негов колега дека во магацинот 61-годишниот Д.М. физички нападнал друго лице. Откако Е.М. ги разделил, Д.М. почнал да се кара со него и со нож го повредил во стомакот.

Повредениот заминал во Градска општа болница каде му е укажана лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 13:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега