Инцидент во скопско Студеничани

Полициско возило било каменувано вчера од жители на Студеничани за време на инспекциски контроли што ги вршеле Упаравата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат во неколку угостителски објекти во селото. 

МВР соопшти дека полициските службеници ги придружувале инспекторите на УЈП и ДПИ во Студеничани и населбата Драчево. Во дел од контролираните угсотителски објекти констатирани се неправилности за што им се издадени покани за наплатена глоба.

За време на асистенцијата во Студеничани се собрала поголема група граѓани кои започнале да фрлаат со камења кон службено возило на МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

Оцени ја веста

21.11.2014 - 12:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега