Нови детали за апсењето на екс-градоначлникот на Охрид Александар Петрески

Десетмината уапсени меѓу кои и екс градоначлникот на Охрид, Александар Петрески, веќе се во Судот и до крајот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка кој треба да одлучи дали ќе им одреди притвор.

Поранешниот градоначалник на Охрид Александар Петрески и неговите најблиски соработници се осомничени за организиран криминал тежок околу два милиони евра.

Според неофцијалните информации се работи за голем број на јавни набавки на Општината во периодот до 2007 до 2013 година кога градоначалник е токму Петрески. 

Полициската акција беше изведена утрово во Охрид и во Скопје но не е познато дали се уапсени сите осомничени. 

Од МВР најавија повеќе информации во текот на денот 

Информациите за милионските парични средства потрошени од општинската каса во Охрид, уште во мај, минатата година го привлекоа вниманието на првиот човек на бирото за јавна безбедност.

Митко Чавков тогаш, по средбата со Бакрачески најави дека полицијата ќе ги провери сомневањата за криминални активности кои биле направени од општинското раководстрво, во претходниот состав.

-Тоа е сосема доволно да ги интензивираме нашите активности и да ги продлабочиме истражувањата. Имаме првични информации за финансиски криминал, корупција  изјави во мај минатата година Чавков.

 

 

Оцени ја веста

21.11.2014 - 11:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега