Внимавајте каде паркирате - пајакот „чисти" на скопските улици

 

Во текот на вчерашниот ден се случиле шест сообраќајни незгоди на подрачјето на Град Скопје. Од нив, кај четири е утврдена материјална штета, а во три со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патнички возила, еден сопатник и еден пешак.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 11 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, пет возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 37 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 14 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, тројца возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, како и пет пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција отстранети се 67 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

 

 

Оцени ја веста

21.11.2014 - 09:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега