Фудбалски репрезентативец на Македонија во притвор

Македонски фудбалер е еден од уапсените во акцијата на МВР за криумчарење имигранти од Сирија, дознава „Македонски спорт“. На играчот му е одредена мерка притвор од осум дена поради основано сомневање дека е дел од група која се занимавала со оваа дејност и која била стационирана во Гевгелија.

Фудбалерот е приведен заедно со уште едно лице кои се наоѓале во станот каде што наводно организирале преноќиште за четворица имигранти од Сирија. Токму поради тоа, играчот не тренира со својата екипа во последните неколку дена.

Гевгелиската чаршија „шпекулира“ дека уапсениот само се нашолна погрешно место во погрешно време и дека немал врска со овој случај.

 

Инаку, станува збор за играч кој е поранешен репрезентативец на помладите категории на нашата земја и ги носеше дресовите на неколку наши прволигашки екипи.

 

 

Оцени ја веста

20.11.2014 - 22:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега