Топаловски убил двајца во афект и паника - еве ги деталите

Ѓорѓи Топаловски во афект го извршил убиството на Андреј Филип - Џиџи (34) и неговиот шура Новица Благоевиќ - Моско (30), кое се случи близу зоолошката градина во Скопје. Невропсихијатриското вештачење што лекарите психијатри го направиле врз профилот на Ѓорѓи  покажа дека нападите и заканите кои ги добивал му ја намалиле можноста да размислува. Отакако кобниот ден бил нападнат и претепан пред зоолошата градина, тој бил исплашен и во паника, јавува Вест.

-Во нашиот заклучок стои дека Топаловски никогаш не бил растроена личност. Тој по нападот прави серија активности. Го зема пиштолот, пука, а потоа бега. Се јавува да провери каде е сопругата. Талкал поради страв од можна освета, рече лекарката психијатар која го изготвила вештачењето, пренесе весникот Вест.

Тој пред судот до детали раскажа дека добивал закани од убиениот Џиџи. Се плашел и бегал, а пред да го изврши убиството бил нападнат и претепан со лопати. Пред судот рече дека на денот кога го извршл убиството за кое не се сеќава, Џиџи му кажал дека сиуте ќе му ја силуваат бремената сопруга, тој ќе гледа, а потоа ќе го убијат. 
Судењето продолжува во среда со заврши зборови, објави Вест.

 

 

Оцени ја веста

20.11.2014 - 14:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега