Дилер од Скопје падна во рацете на Алфите

СВР Скопје-Единица за недозволена трговија, до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против 39-годишниот А.А. од Скопје кој се барал за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекусори.

Кривично-правниот настан се случил во попладневните часови на 14.11. на ул.Топанска каде А.А. неовластено набавил и држел кај себе наркотична дрога хероин со намера истата да ја препакува во помали полиетиленски паковки и да ја пушти во  продажба.

Пријавениот по претходен телефонски договор во близина на црква во населбата Скопје-Север се сретнал со непознато  лице и за сума од 3500 денари купил околу 5, 71 грама наркотична дрога хероин спакувана во две полиетиленски паковки и истата ја држел кај себе.

Од страна на полициски службеници од Алфите при контрола и преглед на ПМВ „Фиат Пунто“ кај пријавениот се најдени три паковки со наркотична дрога – хероин, истиот е лишен од слобода, приведен во полициска станица каде во службен разговор го појаснил начинот на сторување на кривичното дело.

Инаку, пријавениот е познат сторител на кривични дела за што во периодот од 2000 до 2012 год. поднесени му се четири кривични пријави  во врска со неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, 10 пријави за тешка кражба и кражба како и една пријава за фалсификување исправа.

 

 

Оцени ја веста

20.11.2014 - 13:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега