Едно лице потешко повредено - што се случувало на скопските улици?
Еден пешак е потешко повреден, а четворица возачи и седум сопатници се здобиле со полесни повреди во сообраќајни несреќи што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје.
Сообраќајната полиција извршила увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди од кои шест со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда.
Во текот на вчерашниот ден санкционирани се и тројца возачи кои не пуштиле пешаци на пешачки премин, 10 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 28 возачи кои не користеле безбедносниот појас или пак користеле мобилен телефон и шест пешаци кои поминале надвор од пешачки премин.
Отстранети се и 58 возила со помош на специјалното возило „пајак“.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа