Награди за најдобрите угостителски објекти во Скопје

 

Седма година по ред, Градот Скопје ги наградува најдобрите угостителски објекти.

За таа цел оваа година беа посетени 50 ресторани и гостилници, а врз основа независно и објектвно оценување преку mystery shopping биле извршени 300 посети, односно по 3 посети на секој објект. Оценувањето се вршело врз основа на 8 испитувачки стандарди: прв контакт, хигиена на објектот, тоалет, амбиент, услуга на клинентите, општа услуга, квалитетот на храната и завршниот контакт. Три ресорани и три гостилници беа прогласени за Најдобри угостителски објекти меѓу најдобрите 2014.

-Резултатите оваа година се во висок сегмент на задоволителни резултати во однос на стандардите поставени од страна на светската асоцијација за тајно купување MSPA. Во споредба со минатата година и кај рестораните и кај гостилниците е постигнато значително убапредување, а гостилниците достигнаа рекордно висок резултат, истакна Душко Угриновски косопственик на СВОТ.

Во категоријата најдобри ресторани третото место го доби ресторанот „Фиш“, второто место рестеранот „Венето“ и првото место го доби ресторанот „Уранија“.

Во категоријата најдобри гостилници, третото место го доби гостилницата „Канцона“, второто -место „Старо Буре“ а првото место го доби гостилницата „Носталгија“.

 

18.11.2014 - 14:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега