Полнети мекици
Потербно:
- 15 грама шеќер
- 1 сол
- 20 кесички сув квасец
- 50 грама зејтин
- 200 мили литри вода
- 550 грама брашно
- 200 мили литри јогурт
Подготовка:
Квасецот, топлата вода, шеќерот, солта, јогуртот и зејтинот се соединуваат, а на крај се додава брашното и убаво се замесува тесто. Се остава да отстои еден час. Потоа се дели на 10 дела. Од секое топче се расукува кора, која треба да биде тенка.
Потоа кората се премачкува со филот, кој е составен од измешано сирење и јајце. Потоа кората од сите страни се затвора, да биде како плик. Потоа се стиска малку со сукалото. Се оставаат околу 15-20 минути, а потоа се пржат од двете страни.
12.11.2014 - 13:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа