Бучковски и Јакимовски со парламентарни партии?

 

Градоначалникот на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски ја формираше партијата ГРОМ, додека екс премиерот Владо Бучковски, ги завршува подготовките за официјализирање на Граѓанската алијанса за позитивна Македонија.

Бучковски, новинарот Љупчо Зиков и бизнисменот Минчо Јорданов се иницијативниот одбор за формирање на Граѓанската алијанса за позитивна Македонија. Тие најавуваат дека ова ќе биде опозициска партија која ќе биде позитивна за проспериритетот на Македонија.

Според порталот А1Он, постои можност Бучковски да има и свој претставник во Собранието - либералот Ивон Величковски. Претставник на Јакимовски во Собранието, според А1Он ќе биде Драгиша Милетиќ.

најчитано сега