Домашни мини панцероти

 

1 кг брашно (состојки за тесто)

 

500 мл млака вода (состојки за тесто)

100 мл масло за готвење (состојки за тесто)

2 пакетчиња сув квасец (состојки за тесто)

1 ½ лажичка шеќер (состојки за тесто)

3 лажички сол (состојки за тесто)

400 г спанаќ (состојки за фил)

200 г павлака (состојки за фил)

100 г сирење (состојки за фил)

малку сусам, ким, чурек… (за декорација)

1 јајце (за премачкување)

Подготовка

 Во подлабок сад ставете ги сите состојки за подготовка на тестото. Добро промешајте и месете се додека не добиете мазно, компактно тесто кое треба да биде меко, но не премногу меко за да може да се формираат панцеротките.

 Оставете го тестото да нарасне убаво (да добие барем 2,5-3 пати поголем волумен) а во меѓувреме подгответе го филот.

 Спанаќот обарете го и во блендер измешајте го заедно со павлаката и сирењето. Блендирајте се додека смесата не се соедини. По желба, зачинете.

 Стасаното тесто поделете го на 2 дела и расукајте го како за пица во кружна или правоаголна форма со дебелина од околу 3 мм.

 Со калап (или чаша), од целото тесто, вадете крукчиња. Секое второ крукче наполнете го една лажица од филот, со вода намачкајте ги краевите и со друго крукче поклопете го.

 Вака подготвените панцеротки, со виљушка притиснете ги краевите за добро да се залепат двете крукчиња. Премачкајте ги со изматено јајце и наросете ги со сусам, ким, чурек и сл.

 Пожелно е да одморат на плех (да нараснат) уште барем 30 минути пред да ги ставите да се печат.

 

 Печете ги во загреана рерна на 200 степени, околу 15 до 20 минути или се додека не добијат убава кафено-златна боја.

10.11.2014 - 12:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега