Домашни печени тулумби

 

Состојки

 

300 г брашно

100 мл масло за готвење

500 мл вода

6 јајца

800 г шеќер (за шербет)

400 мл вода (за шербет)

Подготовка

 Во сад за готвење, на оган, ставете вода и масло и причекајте да зоврие. Откако ќе зоврие, ставете го брашното и мешајте се додека не добиете компактна густа смеса. Тргнете го од оган.

 Додавајте едно по едно јајце и константно мешајте се додека не добиете изедначена смеса. На почеток јајце се меша малку потешко, но бидете упорни. Ќе добиете жолта и леплива смеса.

 Шприцот за тулумби наполнете го со смесата.

 Истиснете го тестото директно врз хартијата за печење (постапка на формирање на тулумби), и со нож сечете го крајот.

 Печете ги во загреана рерна, на 180 степени околу 25 минути или се додека не добијат златно кафена боја.

 Во меѓувреме подгответе го шербетот: загрејте ја водата и додадете го шеќерот. Откако ќе зоврие, варете го уште 10 минути се додека не се добие фин сируп.

 

 Тулумбите попарете ги со шербетот и оставете ги барем 5-6 часа да впијат добро.

Извор: Попара

05.11.2014 - 15:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега