Свети Николе: Со лажни евра си купиле јагне и ракија

Вчера наутро околу 10:30 часот, две засега непознати лица,  ја измамиле 66 годишшната Р.Д., плаќајки и со фалсификувани евра.

Двајцата измамници и дале на Р.Д. две банкноти од по 500 евра и побарале од неа да им врати 900 евра кусур во различни апоени. Жената им дала 900 евра кусур на измамниците, а тие ја излажале дека ќе се вратат по ракијата и јагнето кои ги “платиле“.

Кога сфатила дека е измамена, жената пријавила во полицијата. По извршениот увид, полицајците привремено ги одземале двете банкноти од 500 евра со ист сериски број. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите. 

најчитано сега