Мнозинство Американци сметаат дека САД даваат премногу пари за воена помош на Украина
Мнозинство од Американците сметаат дека САД даваат претерано многу парична помош за воените потреби на Украина, додека огромно мнозинство поддржува итна депортација на криминалци кои престојуваат нелегално, се дознава од најнова анкета објавена викендов.
Според резултатите од анкетата спроведена од институтот Ипсос а по нарачка на „Њујорк тајмс“, 51 отсто од испитаниците изјавиле дека трошоците за воена поддршка на Киев се многу високи, 17 отсто сметаат дека ова финансирање е недоволно, а 28 отсто веруваат дека висината на доделените средства е прифатлива. Додека 4 отсто од учесниците во анкетата не одговориле на ова прашање.
Слични ставови се забележуваат и во однос за помошта за Израел. Според резултатите, 53 отсто од Американците се уверени дека Белата куќа троши премногу средства за поддршка на оваа земја.
Од другите прашања 60 отсто од анкетираните изјавиле дека САД треба да го намалат своето учество во меѓународните конфликти и да се фокусираат на решавање на внатрешните проблеми.
Повеќе од половина од испитаниците (55 отсто) би сакале новоизбраниот претседател Доналд Трамп да го исполни своето предизборно ветување за масовна депортација на сите нелегални мигранти, додека огромно мнозинство (87 отсто) поддржува итна депортација на криминалци кои престојуваат нелегално во САД.
Воведување повисоки царина за увозни стоки одобруваат 46 отсто од Американците, додека 71 отсто се за забрана за препишување лекови за хормонална терапија за деца под 18 години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа