Четиринаесет лица повредени на скопските улици

 

Четиринаесет лица се повредени во сообраќајки што во текот на вчерашниот ден се случиле на подрачјето на Град Скопје. Од нив, со полесни повреди се здобиле пет возачи, седум сопатници и еден велосипедист, а потешко е повреден еден возач на мопед.

Покрај ова, се случила и една сообраќајна несреќа во која е причинета материјална штета и уште четири незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај, четворица возачи не ги почитувале светлосно-сообраќајните знаци на крстосница, 13 возачи ги управувале возилата по истекот на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, а 15 возачи не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон. Санкционирани се и седум пешаци кои поминале на необележан пешачки премин или на црвено светло на семафорот за пешаци.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 54 возила кои го попречиле нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани и се очекува сообраќајот да се одвива тековно.

30.10.2014 - 09:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега