Голема акција на Битпазар
На Битпазар денеска беше спроведена акција на инспекторатот за земјоделство против дивите продавачи на режан тутун.
Акцијата била подржана од МВР при што биле одземени повеќе од 200 килограми режан тутун.
-Државниот инспекторат за земјоделство согласно законот за тутун направи контрола на Битпазар со цел да утврди дали се продава режан тутун или качак бидејќи тоа е спортивно на законот за тутун.Одземен се повеќе од 200 килограми режан тутун од тројца познати и четворица непознати сторители, истакна Румен Стаменов главен инспектор во министерство за земјоделство.
29.10.2014 - 14:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа