Трифун Костовски ќе се кандидира за Претседател на Македонија

Поранешниот скопски градоначлник, бизнисменот Трифун Костовски ќе се кандидира за Претседател на Македонија на изборите кои ќе се одржат идната година. Инфромацијата ја објави Порталб повикувајќи се на извори блиски до Костовски. Се уште нема детали, која партија би застанала зад поранашениот градоначалник на Скопје, но изворите велат дека кандидатурата е речи си сигурна. Press24 веќе објави дека постои можност во трката за Претседател на Македонија да влезе и поранешниот лидер на СДСМ Бранко Црвенковски. 
Од таборот на ВМРО-ДПМНЕ се уште нема информација дали Иванов ќе оди на нов мандат или пак партијата ќе излезе со некој друг кандидат. Професорот Јове Кекеновски не ги крие амбициите да биде кандидатот на владејчката партија а најави и дека ќе се кандидаира на внатрепартиските избори во ВМРО-ДПМНЕ.

најчитано сега