СДСМ ја губи власта во општина Центар?
Коалицијата на СДСМ може да ја загуби власта во општина Центар. Како што јави ТВ Сител во централниот Дневник, двајца советници од советничката груапа на СДСМ сериозно размислуваат да го напуштат владејчакото мнозинство. Со тоа СДСМ и коалицијата ќе го загубат мнозинството во општинскот совет каде во моментов имаат 12 советници, наспроти коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ која брои 11 советници.
Како што објави Сител повикувајќи се на разговор со советници на СДСМ чиј идентитет не се открива, тие биле незадоволни од актуелните политки на градоначлникот.