Мирно пред Општина Центар

 

Поголема група граѓани попладнево протестираат пред Општина Центар поради, како што велат, намерата на градоначалникот Андреј Жерновски да бидат направени измени во урбанистичкиот план со кои, меѓу другото, би се спречила изградбата на црквата Св. Константин и Елена.

Репортерот на Пресс24 кој во моментов е пред Општина Центар, информира дека ситуацијата на протестите е мирна. Седницата на Советот на општина Центар на која попладнево требаше да одлучува за ревизија на Деталниот урбанистички план, сеуште не е почната.

Протестот што го организира граѓанската иницијатива „Веритас“, денеска почна кај локацијата каде што се гради црквата, продолжи низ улиците на Центар до седиштето на Општината. Неколку граѓани се обидоа да влезат во објектот, но беа спречени од полицијата. Искршени се неколку прозорци на објектот.

Администрацијата на Жерновски, тврди дека планираните измени не се однесуваат на црквата, туку за други локации.

ФОТО: Курир

најчитано сега