ВИДЕО: Еве како изгледаше судирот меѓу двете групи пред општина Центар
Демонстрантите од здружението „Веритас“, по вербална расправија на влезот во Општина Центар, влегле во дворот на општината, пишува А1Он. Тие револтирани извикувале „Неверници“, „Господ ќе ве казни“, „Предавници“.
Жителите на Центар, пак, ги обвиниле демонстрантите дека доаѓаат од други скопски населби, а не од Општина Центар. На ова демонтрантите возвратиле дека Центар им припаѓал на сите граѓани, па затоа скопјани и од други општини протестираат против уривањето на „Св. Константин и Елена“, пренесува порталот.
- Кој ве лаже дека ќе се урива црквата и кој ве злоупотребува, прашувале дел од жителите на Центар, пишува А1он. На ова, демонстрантите одговориле дека се сигурни дека „Св. Константин и Елена“ ќе биде урната.
Еве дел од атмосферата на протестите.