Откриена тајната како се прават сараевски ќебапи

 

Искусните велат дека при подготвување на кебапите нема посебни компликации, поенатата е во добро месо, начинот на подготовка и смесата да отстои. Се што ви е потребно за подготовка на ќебапи е: 1,5 кг мелено телешко месо,  1/2кг јагнешко, 4-5 чешниња лук,  2% од вкупната количина месо, сол и 2 лажичиња сода бикарбона.

Месото исечено на коцки добро насолете го, измешајте го и полиете го со околу 100мл вода и лук кој претходно малку сте го подвариле. Смесата измешајте ја и оставете ја преку ноќ во фрижидер. Следниот ден смесата сомелете ја во машина за месо два пати, оставете да отстои неколку часа на собна температура, а потоа ставете ја во фрижидер. Пред да почнете да обликувате ќебапи во смесата додадете сода бикарбона и тоа е тоа. Уживајте во вкусните и сочни ќебапи.

Извор: Боза

22.10.2014 - 16:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа