Акција за чистење "Македонија без отпад" утре во општина Кисела Вода
Општина Кисела Вода се вклучува во акцијата за чистење „Македонија без отпад 2014“. Утре, со почеток во 9 часот наутро, на повеќе локации низ територијата на општината ќе започат активности за расчистување на отпадот и за подигање на свеста за негово правилно третирање.
Имено, во периодот од 09:00 – 13:00 часот, вработените во општина Кисела Вода заедно со сезонските работници, ќе го расчистуваат отпадот од следните локации:
- Локација Пат заТеферич (од складот на Треска до црквата Св Преображение, во должина од 1 км). Збирно место: црквата кај Теферич и складот на Треска;
- Локација трим-патека (во должина од околу 2,5 километри). Збирно место: пред Општина Кисела Вода);
- Локација пат Хемтекс (локален пат Пинтија – Горно Лисиче). Збирно место: на почетокот на патот од страната на Пинтија.
Општина Кисела Вода би сакала да упати повик до сите свои жители дека можат да се приклучат и да дадат свој придонес во решавањето на едно од најгорливите прашања од областа на животната средина во Република Македонија. За сите учесници во акцијата, од страна на општината, ќе бидат обезбедени ракавици и пластични вреќи за отпад.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа