Совршен десерт готов за 6 минути

 

Во деновите кога имате потреба од нешто слатко, брзо и неодоливо, ви предлагаме да ја испробате оваа комбинација од вкусови.

Вкусот на путерот од кикирики е неодолив, одличен како додаток на разни колачиња, а ова е една негова најбрза варијанта финиширана со темно чоколадо.

Потребни состојки за подготовка:

  • 1 шолја истопен путер
  • 2 шолји мелени бисквити
  • 2 шолји шеќер
  • 1 шолја и 4 лажици путер од кикирики
  • 1 ½ чоколадо на парчиња

Подготовка:

Во длабок сад помешајте го истопениот путер со мелените бисквити и шеќерот додека состојките не се соединат.

Додајте 1 шолја путер од кикирики и мешајте додека не добиете еднолична смеса.

Растопете го чоколадото и додадете ги 4-те преостанати лажици путер од кикирики.

Смесата од бисквити ставете ја во тава и израмнете ја. Прелијте го растопеното чоколадо и добро измазнете.

Оставете го колачот да отстои 1-2 часа во ладилник или половина час во замрзнувач, па исечете го на коцки.

Извор: Црно Бело

17.10.2014 - 16:40


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа