Резултатите видливи - продолжува проектот „Скопје град без Насилство“
И оваа година во соработка со Јавното сообраќајно претпријатие, Град Скопје и партнерите од ОБСЕ продолжува да се реализира проектот „Скопје град без насилство“. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски, директорот на Бирото за јавна безбедност на МВР Митко Чавков, во присуство на претставници од ОБСЕ поделија промотивни материјали во авотбусите, автобуските посотојки, билетарите и другите јавни места.
Овој прект во учебната 2014-2015 година ќе се спроведе во 6 средни училишта: „3дравко Цветковски“-О.Карпош, „Цветан Димов“-О.Чаир, „Браќа Миладиновци“- О.Кисела Вода, „Панче Караѓозов“-О. Центар, „Владо Тасевски“-О.Аеродром и „Марија Склодовска Кири“-О.Аеродром каде ќе се одржат едукативни работилници и ќе бидат опфатени над 3.000 ученици од 1 и 2-ра година.
-Планираме да одржиме околу 100 едукативни работилници кои ќе се одржат во сите овие училишта. Нашата цел е да ја подигнеме светста за совесно однесување на младите луѓе, пред се на средношколската младина затоа штио сите сме сведоци дека во минатото имавме чести ситуации на употреба на насилство, конфликти меѓу младите и во улилиштата меѓутоа и на автобуските постојки а неретко и во автобусите на ЈСП, истака министерката Јанкулоска.
Минатата година, во првите 9 месеци имало 48 нарушувања на јавниот ред и мир во автобусите, во 2014 имало 33, односно намалување за 31%. Податоците за состојбата на јавниот ред и мир на територијата на Град Скопје се позитивни за овие 9 месеци од годината, односно се бележи намалување на вкупниот број на прекршоци за 6,41%, 41% помалку физички напади и 51% помалку учества во тепачки.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски истакна дека е ова е многу значаен проект за градот: - Под надлежност на Градот Скопје е 21 средно училиште а во секое од тие училишта градот има обезбедно посебна агенција за обезбедување. При спроведувањето на овие проекти нашата цел е да се намали насилството и да се зголеми безбедноста во училиштата. При тоа вклучени се полициските станици во близина на училиштата, родителите, професорите, самите ученици. Советот на Град Скопје има донесено посебна програма , така да сите овие чинители допридонесуваат за да се намали насилството, подвелече Трајановски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа