Тито Петковски на итен состанок со пратениците на НСДП - враќање во Собранието?

 

Петковски на состанок со тројцата пратеници на НСДП вчера вечерта расправал по најавата за нивното враќање во Собранието. Дневник повикувајќи се на партиски извори во НСДП пишува дека и покрај официјалниот став од партијата на Тито Петковски дека остануваат самостоен политички субјект и не се враќаат во Собранието, неофицијално, ваква опција сепак била разгледувана.

„Петковски вчера доцна попладне требаше да се сретне со тројцата пратеници од НСДП, за да одлучи што понатаму, особено по притисокот што стигна од сите страни, поради информациите со тендерот и евентуално враќање на неговите пратеници во Собранието поради незадоволство од потезите на својот лидер - вели изворот на Дневник од НСДП.

Press24 уште минатата недела објави дека врие во опозициската коалиција и дека пратениците на Петковски готват терен за враќање во Собранието. Нашите информации по неколку дена молк, официјално беа демантирани во соопштение кое изобилуваше со навреди и етикетирања до новинарите. Во него, освен што се демантираа инфорамциите дека партијата на Петковски се претопува во СДСМ, новите социјалдемократи не излегоа со став по информациите за враќање во Собранието.

Вчерашната средба на Петковски со пратениците е уште еден доказ за тоа.

Неофицијалните информации велат дека огнот се запалил по добиениот тендер за Боемската улица и од штабот на НСДП, брзо се проширил и на Бихаќка.

Во најголемата опозициска партија веќе не може да се скрие масовното незадоволство во партиското членство, а лидерот, очигледно се обидува да го неутрализира менувајќи цели локални партиски организации и тоа на начин кој е спротивен на партискиот статут.

Press24 вчера ексклузивно ги објави документите за фалсификатот направен во општинската организација во Гази Баба. На Бихаќка по овој скандал владее целосен молк иако партијата редовно ги демантира информациите објавени за нив.

15.10.2014 - 13:37


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега