Викендов 31 сообраќајка во Скопје
Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 31 сообраќајна незгода.
Во петокот, на 10 октомври, извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и шест со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, четворица пешаци, еден велосипедист и еден возач на мопед.
Се случила е и една незгода со последица тешки телесни повреди, во која со тешки телесни повреди се здобил сопатник во запрега влечена од коњ, а со телесни повреди се здобил возачот на запрегата.
Во сабота, на 11 октомври, извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и шест со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило, тројца сопатници, еден пешак, еден велосипедист и еден патник во автобус.
Вчера, на 12 октомври, извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и три со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле три лица.
Во текот на викендот од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 38 возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 14 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, двајца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и седум возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.
Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни предавања во детската градинка „11 Октомври“ во објектите „Бутел 1“, „Ташко Караџа“ и „Страшо Пинџур“ кои се наоѓаат на територијата на општина Бутел.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа