Железничката станица во Скопје добива нов лик

 

Железничката станица во Скопје најдоцна до мај следната година ќе добие нов лик. Проектот за реновирање на станицата ќе го подобри севкупниот квалитет на услуги за патниците и зголемување на техничките стандарди и капацитети на станицата, најави директорот на МЖ Инфраструктура Ирфан Асани, при денешниот увид на градежните активности.

- Железничката станица во Скопје, која беше пуштена во употреба пред 33 години, во тоа време претставуваше најмодерен сообраќаен центар не само во Македонија, туку и пошироко на Балканот. Станицата низ која дневно поминуваа по 70 воза и околу 7.000 патници со својот специфичен изглед и градба претставуваше врв на архитектурата за тоа време. Од тогаш немало ниту еден поголем инвестициски зафат, а сегашните активности ќе придонесат за враќање на нејзиниот сјај, изјави Асани.

Со проектот, информира, е предвидена изградба на два нови лифта за качување на патниците на пероните, нов лифт платформа за лица со инвалидитет и за патници со поголем багаж, подигнување на нивото на постоечките перони за 55 сантиметри, односно на ниво на платформата на вагонот.  Ќе има нов информациски систем и систем за разглас, електронски систем за влез во станицата, приспособување на паркинг просторот, подобрување на осветлувањето и  климатизацијара, изработка на специјални ребрасти патеки за слепите лица, како и звучни сигнали. .....

Проектот за реновирањето го изготви германската фирма „Гронтмеј“,  а реализацијата ќе чини 2,9 милиони евра, обезбедени од ЕУ преку ИПА фондовите. 

10.10.2014 - 13:48
Фото: 
дневник


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега