Вељаноски се сретна со деца од градинката „Раде Јовчевски-Корчагин“

 

Во рамки на Светската недела на детето денеска група деца и вработени од детската градинка „Раде Јовчевски- Корчагин“ го посетија Собранието на Република Македонија и остварија средба со претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски.

Вељаноски, како што соопшти неговиот Кабинет, ја доби традиционалната марка за одбележување на детската недела, а ги слушна и правата на децата и нивните обврски кои произлегуваат од овие права. 

Тој нагласи дека младите се најголемото богатство и оти е потребно да бидат посветени на учењето и знаењето и да пораснат во наследници кои ќе ја водат државата во иднина.

Детската недела се одбележува во светски рамки, секоја година во првата полна недела во октомври.

10.10.2014 - 12:54


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега